Паралакса

From Wikipedia, the free encyclopedia

Паралакса
Remove ads

Паралакса — видливо поместување или разликата во насоченоста на предметот гледан од две различни страни, а се мери преку аголот или полуаголот на наклонот меѓу двете видни линии.[1][2] Поимот потекнува од грчкото παράλλαξις (паралаксис), што значи „промена“.

Thumb
Упростена илустрација на паралакса на еден предмет наспроти оддалечена позадина поради поместување на перспективата. Гледајќи од „Гледиште А“, предметот изгледа како да стои пред синиот квадрат. Ако смениме на „Гледиште Б“, предметот привидно се поместил пред црвениот квадрат.
Thumb
Оваа анимација е пример за паралакса. Како што се поместува аголот на гледање, предметите кои се подалеку изгледа како да се движат побавно отколку објакетите кои се поблиску до камерата.

Блиските предмети имаат поголема паралакса од пооддалечените кога се гледаат од различни положби, па според тоа паралаксата се користи за одредување на далечината. Во астрономијата, паралаксата е единствениот непосреден метод преку кој може да се измери оддалеченоста на небесните тела (посебно на ѕвездите) што се наоѓаат надвор од нашиот Сончев Систем. Ова се нарекува ѕвездена паралакса.

Remove ads

Поврзано

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads