Парализа

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Парализа е губење на мускулното ткиво


    Ве молиме, обратете внимание на важното предупредување
во врска со темите поврзани од областа на медицината (здравјето).
Кратки факти Парализа, Специјалност ...

Парализа може да биде проследено со губење на чувството (сетилна загуба) во погодената област, ако постојат сетилни и моторни оштетувања. Околу 1 на 50 лица во САД биле дијагностицирани со некоја форма на парализа, повремена или постојана.[1] Зборот доаѓа од грчкиот παράλυσις, "оневозможување на нерви",[2] составен од παρά (para), "до, од страна на"[3] и λύσις (лиза), "губење"[4] и λύω (luō), "да се изгуби".[5]

Remove ads

Причинители

Парализата најчесто е предизвикана од оштетување на нервниот систем, особено на ’рбетниот мозок. Други причини се мозочен удар, траума со повреда на нерв, детска парализа, церебрална парализа, периферна невропатија, паркинсонова болест, АЛС, ботулизам, спина бифида, мултипла склероза, и Guillain–Barré синдром. Привремена парализа настанува за време на РЕМ спиењето, и нарушување на регулацијата на овој систем може да доведе до епизоди на парализа при спиење. Лековите кои се вмешуваат во нервните функции исто така може да предизвикаат парализа.

Псевдопарализа (псевдо- што значи "лажно", од грчкиот ψεῦδος[6]) е доброволно ограничување или инхибиција на движењето поради болка, некоординација, оргазам или друга причина, и не се должи на вистински мускулна парализа.[7] Во доенче тоа може да биде симптом на вроден сифилис.[8] Псевдопарализите може да бидат предизвикани од екстремен ментален стрес и е честа одлика на ментални нарушувања, како што се панично анксиозно растројство.[9]

Remove ads

Варијации

Парализата може да се случи во локализирана или општа форма или може да следи одредена шема. Повеќето парализи предизвикани од оштетување на нервениот систем (на пр., повреди на ќрбетниот мозок) се постојани по природата; но некои форми на периодична парализа, вклучувајќи ја и парализата при спиење, се предизвикани од други фактори.[10] [11]

Парализа може да се случи кај новороденчињата како резултат на вродена мана познат како спина бифида. Спина бифида предизвикува еден или повеќе пршлени да не успејат да формираа ’рбетен столб и прави ’рбетниот мозок да излегува од ’рбетот. Во екстремни случаи, ова може да предизвика функцијата на ’рбетниот мозок да исчезнатите под местото на излегување од ’рбетениот столб.[11] Овај престанок на функцијата на ’рбетниот мозок може да резултира со парализа на долните екстремитети. Документираните случаи на парализа на аналниот сфинктер кај доенчињата се забележани кога спина бифида не се третира.[10] Иако спина бифида е опасна по животот, многу случаи  може да се коригираат хируршки, ако се оперира во рок од 72 часа од раѓањето.

Качувачка парализа се презентира во долните екстремитети, пред горните екстремитети. Тоа може да биде поврзан со:

  • Guillain–Barré синдром (друго име за оваа состојба е Landry качувачка парализа)
  • Тик  парализа[12]

За разлика од качувачките парализи, опаѓачките парализа, се јавува во услови како што е ботулизам.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads