Парк Мементо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Паркот Мементо е музеј под отворено небо во Будимпешта, посветен на монументалните статуи од комунистичкиот период на Унгарија (1949–1989). Има статуи на Ленин, Маркс и Енгелс, како и на неколку од унгарските комунистички водачи. Паркот го дизајнирал унгарскиот архитект Акош Елеод, кој бил победник на конкурсот објавен од Собранието на градот Будимпешта во 1991 година. Според него: „Овој парк е за диктатурата. Ама истовремено, бидејќи за него смее да се зборува, да се опишува, да се гради, овој парк е за демократијата. После сè, само демократијата може да даде можности да размислуваме слободно за диктатурата.“

Remove ads
Историја
По падот на комунистичкиот режим во Унгарија во 1989 година, многу од комунистичките статуи и споменици биле веднаш отстранети. Тие ја оформија основата за сегашната збирка во паркот на статуи. Паркот бил отворен како јавен музеј на отворено на 29 јуни 1993 година, на втората годишница од повлекувањето на советските трупи од унгарска територија.
Галерија
- Споменик на мачениците од контрареволуцијата пред неколку карактеристични статуи од Паркот Мементо
- Споменик на Советот на Републиката, според револуционерен постер од 1919.
- Споменик на унгарските борци во шпанските интернационални бригади
- Ракување како дел од споменикот на унгарско-советско пријателство
- Кубистички споменик на Маркс и Енгелс
- Статуа на војник на Црвената Армија
Надворешни врски
![]() |
„Парк Мементо“ на Ризницата ? |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads