Партизани (филм)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
„Партизани“ — американско - југословенски партизански филм од 1974 година во режија на Столе Јанковиќ. Постои и истоимена ТВ-серија.
Remove ads
Содржина
Дејството се одвива со почетокот на војната, во 1941 година, кога партизаните Марко и Брка го водат својот одред од битка во битка, напаѓајќи германски транспортери, ослободувајќи заробени Евреи, напаѓајќи и саботирајќи фабрики. Марко (Род Тејлор) се вљубува во Еврејката Ана (Бриони Фарел), во која е вљубен и германскиот капетан Курт Келер (Адам Вест), кој на сите начини се обидува да ја најде неа, и конвојот Евреи кои беа „киднапирани“ од партизаните. Заплетот на филмот кулминира кога четниците го убиваат (Велимир Бата Живојиновиќ), а подоцна, решени да ги уништат партизаните, Германците ги напаѓаат со конвој од тенкови. Ранетите партизани се префрлени од Србија во Босна, а Марко и другите партизани, кои го чуваат нивното повлекување, гинат со херојска смрт во борбата со германската армија.[1]
Remove ads
Улоги
Глумец | Улога |
Род Тејлор | Марко |
Адам Вест | Курт Келер |
Бриони Фарел | Ана Клајц |
Велимир Бата Живоиновиќ | Брко |
Петер Карстен | Полковник Хенке |
Оливера Катарина | Мила |
Бранко Плеша | Генерал Штајгер |
Маринко Шебез | Селе |
Јанез Врховец | Полковник Хофман |
Драгомир Фелба | Чича |
Гизела Вуковиќ | Учителката |
Цане Фирауновиќ | Поручник Шулер |
Јован Јаниќијевич Бурдуш | Мачек |
Драгомир Чумиќ | Иван |
Зоран Стојиљковиќ | Германски офицер |
Драгомир Станојевиќ | Германец |
Предраг Милинковиќ | Еврејски бегалец |
Remove ads
Музика
Музиката во филмот („Епопеја на партизаните“) е, всушност, изменета верзија на „Одисеја“ на Лео Мартин.
Надворешни врски
- Партизани на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads