Партија на европски социјалисти
Централно-лево европска политичка партија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Партијата на европските социјалисти (ПЕС) ― социјалдемократска и прогресивна европска политичка партија.[7]
ПЕС е составена од политички партии на државно ниво од сите земји-членки на Европската унија (ЕУ) плус Норвешка и Обединетото Кралство. Меѓу поголемите партии кои се членки на ПЕС се: Социјалдемократската партија на Германија, Француската социјалистичка партија, британската Лабуристичка партија, Италијанската демократска партија, Социјалистичката партија (Португалија), Романската Социјалистичко демократската партија и Шпанската социјалистичка работничка партија. Партиите од многу други европски земји и од средоземниот регион исто така се примени во ПЕС како придружни членки или набљудувачи.[8] Повеќето партии-членки, соработници и набљудувачи се членки на пошироката Прогресивна алијанса или Социјалистичката интернационала.[5][6]
Актуелен претседател на ПЕС е Стефан Левен, поранешен премиер на Шведска. Нејзина политичка група во Европскиот парламент е Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (S&D). ПЕС дејствува во Европскиот комитет на регионите и во Европскиот совет.
Партијата е основана во 1992 година како наследник на Конфедерацијата на социјалистички партии на Европската заедница (основана 1973).[9].
ПЕС има 33 членови и е единствената европска партија која вклучува партии од сите земји-членки на ЕУ.[10]
Социјалдемократкиот сојуз на Македонија е придружна членка на ПЕС.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
