Патрај
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Патрај (340/335-315 г. п. н.е.) — пајонски крал.[1]

Животопис
Тој бил син на кралот Ликеј, кој бил познат единствено по неговата монетарна продукција и еден натпис на кој се спомува тетрадрахми, како и тетраболи на пајонскиот крал Патрај. Се верува дека бил брат на Аристон,[2] а се споменува дека бил татко на пајонскиот крал Авдолеон. Ковал пари во истиот тежински стандард како и Ликеј. Позната е неговата тетрадрахма на чијшто реверсот е претставен коњаник како прободува паднат непријател, за која се претпоставува дека ја претставува победата на Аристон, братот на Патрај, над персискиот сатрап Сатропат во времето на походот на Александар III Македонски.[3]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Литература
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads