Пауза (музика)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Пауза (франц. silence, англ. rest, итал. pausa) е музички знак со кој се бележи привремен прекин во мелодијата.[1] Значи пауза е знак што укажува на отсуство на звук.

Цела пауза
Половина пауза
Четвртина пауза
An eighth/semiquaver rest
An eighth/semiquaver rest
An eighth/semiquaver rest

Има повеќе симболи за пауза и секој симбол има соодветно име и различно времетраење.

Опис

Паузите се интервали на тишина во музиката, обележани со симболи што ја означуваат должината на паузата. Секој симбол и име на паузата одговара на одредена вредност на нотата, што покажува колку долго треба да трае тишината.

        Вредност на пауза Одговарачка нотна вредност
Цела пауза Цела нота
Половина пауза Половина нота
      Четвртина пауза Четвртина нота
        Осмина пауза Осмина нота
       Шеснаесттина пауза     Шеснаестина нота
Триесетвторина пауза  Триесетвторина нота

Пауза со точка

Паузата исто така може да има точка до неа, зголемувајќи го своето времетраење за половина. Значи, точката ја зема вредноста на паузата до која стои и добива пола од нејзината вредност. Паузите, како и нотите, можат да бидат продолжени и со две точки (пример долу).

Thumb
Половина, четвртина и осмина пауза со точка и приказ на нивното времетраење.
Thumb
Половина, четвртина и осмина пауза со две точки и приказ на нивното времетраење.
Thumb

Освен со точка, паузата може да биде продолжена и со корона.

Општа пауза

Во композициите за ансамбл, општата пауза означува тишина за еден или повеќе тактови за целиот ансамбл.[5] Означувањето на општите паузи е релевантно, бидејќи треба да се избегнува создавање несакана бучава - на пример, вртењето на страниците на партитурите се избегнува за време на општите паузи, бидејќи звукот на вртењето на страницата ќе биде слушнат од публиката.[6]

Remove ads

Поврзано

  • Цесура
  • Список на неми музички композиции
  • Список на музички симболи
  • Тасет

Користена литература

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads