Пачакамак
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пачакамак е археолошко наоѓалиште во Перу, кој се наоѓа околу 40 километри југоисточно од Лима во долината на реката Лурин. Наоѓалиштето е всушност комплекс на храм на сонцето и останати зданија кои биле подигнати во периодот од 800 до 1450 година, односно до инвазијата на Тавантинсују.

Во наоѓалиштето има неколку неископани пирамиди и археолозите посочуваат дека има најмалку 17 пирамиди во комплексот и добар дел од нив се уништени од врменската непогода позната како Ел Нињо. Покрај пирамидите, во близина има и гробишта и фрески во боја кои прикажуваат риби и овие се од периодот пред Инките. Вариската култура исто така во периодот од 600 до 800 година придонела при изградбата на градот. Вариските елементи се гледаат во градбите, керамиката и текстилот. По падот на Вариската култура, Пачакамак продолжил да опстојува како религиозен центар, кога биле изградени денешните зачувани зданија.
Пачакамак и околината биле организирани во политичката структура која се нарекува Ичма и оваа опстојувала до подемот на Тавантинсују. Пачакамак бил религиозен центар каде претежно се славел богот Пача Камак. По подемот на Тавантинсују, градот и малата држава биле приклучени кон Империјата на Инките.
Remove ads
Наводи
- Mcleish, K. (1996) Myths and Legends of the World, The Complete Companion to all Traditions, Blitz, United Kingdom.
Надворешни врски
![]() |
„Пачакамак“ на Ризницата ? |
- Сателитски поглед кон Пачакамак
- Музеј Пачакамак Архивирано на 2 јули 2011 г.
- Слики за Пачакамак
- Посети го Пачакамак[мртва врска]
- Пачакамак за време на Тавантинсују Архивирано на 24 јули 2011 г.
- Археолошки проект Пачакамак
- Панорами на Пачакамак Архивирано на 13 октомври 2012 г.
![]() | Оваа статија поврзани со Перу е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads