Пежо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пежо (француски: Peugeot) — франуско претпријатие за производство на моторни возила, во сопственост на Стелантис (Stellantis).[1][2][3] Почетоците на Пежо датираат од 1810 година, кога бил основан семејниот бизнис кој е претходник на сегашното претпријатие,[4] поради што Пежо се смета за најстарото автомобилско претрпијатие во светот.[5] На 20 ноември 1858 година, Емил Пежо го поднел логото со лавот за регистрација, а Арман Пежо (1849-1915) го направил првиот автомобил на Пежо — трицикл со мотор на пареа. Во 1886 година, тие се здружиле со Леон Серполе и во 1890 година направиле автомобил на погон со внатрешно согорување, кој го користел моторот на Дајмлер.[6]
Семејството и претпријатието Пежо потекнуваат од градот Сошо, каде и денес постои голема фабрика на Пежо, а таму се наоѓа и Музејот на Пежо. Во февруари 2014 година, акционерите го усвоиле планот за рекапитализација на Групата ПСА со кој француската влада и кинеското претпријатие Донгфенг Моторс купиле по 14 % од акциите,[7][8][9] со што семејството Пежо ја загубило контролата врз претпријатието.
Remove ads
Галерија
- Пежо 1007
- Пежо 205 SXS
- Пежо 106
- Пежо 206
- Пежо 306 (седан)
- Пежо 307
- Пежо 208
- Пежо 308
- Пежо 508
- Пежо Бипер
- Пежо Партнер
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads