Пелагонци

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Пелагонците се една од етничките заедници кои во антиката населувале дел од територијата на Република Македонија, поточно Пелагонија (областa околу реката Еригон (Црна) до нејзината утока во реката Аксиј (Вардар), во непосредна близина на античката населба Стоби. Главен град на Пелагонија бил Хераклеја, низ времето преименувана во Пелагонија, па во Манастир, а денес Битола.

Нивното име потекнува од херојот епоним Пелагон, кое пак во историските извори за првпат се среќава во 365 г. пр. н.е., а во врска со пелагонискиот басилеј (крал) кој добил атинска проксенија (граѓанско право кое се давало на странци). Во 363-62 г. пр. н.е. во еден натпис се споменува Менелај Пелагон кој бил доброчинител на Атина. Во наредните децении Пелагонија веројатно влегла во составот на пајонското кралство и сè до времето на римското владеење за неа нема никакви документи.

Remove ads

Етничка припадност

За етничката припадност на Пелагонците постојат различни погледи. Според една теза тие имале илирско потекло, според друга теза тие биле тракиско племе. А. Даскалакис и други грчки историчари истакнуваат дека тие биле хеленско племе. Ј. Русу истакнува дека Пелагонците биле македонско племе [1]. Според една теза, која ја застапува полскиот научник В. Пајанковски, а е поддржана од некои македонски научници, Пелагонците биле составен дел пајонската група на племиња и имале бригиско потекло [1].

Матерјалната култура, погребните обичаи и ритуалите на Пајонците се еднакви со оние на Пајонците. Наде Проева истакнува дека станува збор за автохтон пајонско-пелагонски етнички агломерат кои одамна бил забележан од белградскиот аргеолог М. Гарашанин. Во Илијадата, се споменува заеднички предок Пелагон или Пелегон. страбон истакнува дека Пајонците се нарекувале Пелагонци. Полибиј и Ливиј запишале дека ематија порано се нарекувала Пајонија. Пелагонците се вброени во пајонската група на племиња од страна на Плиниј.

Пајонско-пелагонскиот агломерат се разликувал од илирскиот, односно Пајонците и Пелагонците имале различно етничко потекло и различна материјална култура од илисрките племиња [1]. Пајонско-пелагонскиот агломерат се разликувал и од оној во скопско-кумановската област, која имала трибалски (Трибали) карактер. страбон дава податок дека Пајонците на север се граничеле со Дарданците, меѓутоа не се пронајдени такви археолшки докази. Најверојатно, Пајонците во одреден период имале доминација над Трибалите и тогаш се граничеле со Дарданците.

Remove ads

Извори

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads