Пелтонова турбина

From Wikipedia, the free encyclopedia

Пелтонова турбина
Remove ads

Пелтоновата турбина е еден од најефикасните типови на водни турбини. Била измислена од страна на Лестер Ален Пелтон во 1870-тите години. Пелтоновата турбина ја собира енергијата од импулсниот момент на проточната вода, за разлика од традиционалните тежниски водни турбини. Иако постоеле повеќе варијации на импулсни турбини пред Пелтоновиот дизајн, тие биле помалку ефикасни од Пелтоновиот дизајн. Водата која протекувала низ овие турбини требало да има голема проточна брзина, при што се губело голем дел од енергијата. Геометријата на пелтоновите лопатки е дизајнирана така што кога тркалото се врти со ½ од брзината на водниот млаз, водата ја напушта турбината со многу мала брзина, при што се собира речиси целата нејзина енергија, што пак резултира со голема ефикасност на турбината.

Thumb
Стара Пелтонова турбина од хидроцентрала во Германија
Thumb
Дијаграм на оригиналниот Пелтонов патент (октомври 1880)
Thumb
Шема на инсталација на Пелтонова турбина.
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads