Пепи I

From Wikipedia, the free encyclopedia

Пепи I
Remove ads

Пепи I Мерире (владеел 2332-2287 п.н.е.) бил трет фараон на Шестата египетска династија. Неговото прво престоло име било Неферџахор, кое подоцна кралот го сменил во Мерире, со значење „сакан од Ре“.[4]

Кратки факти Фараон на Египет, Владеел ...
Remove ads

Семејство

Пепи бил син на Тети и Ипут, која можеби била ќерка на Унас, последниот фараон од претходната династија (V).

Неговите две најважни сопруги и мајки на неговите двајца наследници (Меренре Немтјесаф I и Пепи II) биле Анкесенпепи I и Анкесенпепи II. Меѓу другите познати жени спаѓаат Мерититес IV, Нубвенет и Иненек-Инти, кои се закопани во пирамидите во близина на Пепи. Тој, исто така, имал син наречен Тети-анк и две ќерки, Ипут II и Нејт, и двете станале сопруги на Пепи II.[5]

Remove ads

Владеење

Thumb
Клекната статуетка на Пепи I, околу 2338-2298 п.н.е., 39.121, Бруклински музеј

Владеењето на Пепи I било одбележано со агресивна експанзија во Нубија, ширење на трговијата во далечни области, како што се Либан и сомалискиот брег, но и растечката моќ на благородништвото. Еден од кралските официјални претставници со име Вени, се борел во Азија во негово име. Погребниот комплекс на Пепи, Менефер Пепи, на крајот станал име за целиот град Мемфис по 18-та династија.[4]

Падот на Старото Кралство веројатно започнал за време на владеењето на Пепи I, при што номарсите (регионалните претставници на кралот) станале помоќни, и имале поголемо влијание. Пепи се оженил со две сестри -Анкесенпепи I и II - кои биле ќерки на Куи, благородник од Абидос и дамата Небет.[6] Пепи подоцна го направил нивниот брат, Џау, везир. Влијанието на двете сестри било големо, и двете сестри родиле синови кои подоцна станале фараони.

Remove ads

Должина на владеењето

Thumb
Сад на Пепи I, кој најверојатно се користел при прослава на празникот на овој крал, Хеб Сед

Анализата на каменот од јужна Сакара потврдува 25 броења на говеда за време на владеењето на Пепи I. Доказите покажуваат дека за време на владеењето на Пепи I и Меренре I броењето на добитокот било спроведувано на секои две години, што укажува на владеење од 49 години. Сепак, 50 година од владеењето не може да биде избегната поради недостаток на фрагмент од натписот.[7] Кралскиот список од Торино го вбројува Пепи I со владеење од 20 години, додека неговиот наследник Меренре I со 44 години владеење.

Постои сомневање во врска со тоа дали системот за броење на добитокот бил строго на две години или малку почесто. Оваа информација е значајна затоа што празникот Хеб Сед секогаш бил прославуван во кралската година 30. Ако Пепи користел биенален систем за пребројување на добитокот за време на неговото владеење, овие натписи за хеб сед треба да се датираат во 15-тото пребројување на добиток. Ова може да значи дека бројот на добиток за време на 6-та династија не бил редовно пребројуван двогодишно.

Пирамидален комплекс

Пепи I изградил пирамида за себе во Јужна Сакрара,[8] која била наречена Ман-нефер-Пепи, различно преведено како „Сјајот на Пепи е траен“[9] или „Совршеноста на Пепи е воспоставена“.[8] Пирамидата била изградена на ист начин како и другите уште од Џедкаре Исеси:[9] јадрото е шест чекори високо од мали грубо обликувани блокови од варовник врзани заедно со глинен малтер обложен со фини варовнички блокови.[9] Пирамидата, која сега е уништена, има должина од 78,75 метри, кон врвот има ~ 53 ° и висина од 52,5 метри.[8] Неговите останки сега формираат насип со висина од 12 метри,[9][8] со јама во центарот ископана од крадци на камен.[8]

Remove ads

Споменици

Thumb
Помалата бакарна статуа на Меренре или Пепи I

Во Хиераконпол биле пронајдени две бакарни статуи на Пепи I и неговиот син Меренре; тие се претпоставува дека ги прикажуваат двата фараона симболично „газејќи под нозете Девет лакови“, стилизирана претстава на странски субјекти освоени од Египет.[4] Овие ретки статуи биле пронајдени во една од подземните простории на храмот на Некен, „заедно со статуа на кралот Хасехемви (Втора династија) и теракотен лав направени за време на ерата Тинити“.[10] Статуите биле сместени една во друга и запечатени со тенок слој од бакар со титулите и имињата на Пепи I „на првиот ден од јубилејот“ или на празникот Хеб Сед.[10] Додека идентификувањето на поголема статуа како Пепи I е направено поради натписот, идентитетот на помалата и помладата статуа останува нерешен.[10] Најчеста хипотеза кај египтолозите е дека младиот атлетски човек од помалата статуа бил Меренре.

Меѓутоа, од неодамна, се претпоставува дека помалата статуа е всушност „младиот Пепи I, обновен од прославата на јубилејните церемонии".[10]

Пепи I бил плоден градител кој нарачал големи градежни проекти во Горен Египет во Дендера, Абидос, Елефантин и Хиераконпол. Еден од неговите најважни дворски службеници бил Вени Постариот кој изградил одличен канал за кралот. Вени бил одговорен за гласини за необичен напад врз кралицата Верет-јамтес, жител на харемот на Пепи. Но, Вени не дава дополнителни информации за овој настан.[4] Во Абидос, Пепи изградил капела од камен за локалниот бог Кенти-Аментиу.[11]

Remove ads

Белешки

    Наводи

    Библиографија

    Надворешни врски

    Loading related searches...

    Wikiwand - on

    Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

    Remove ads