Перо Ампов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Перо Ампов ( 1922 во Ваташа16 септември 1944 во Демир Капија) — македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

Потекнувал од земјоделско семејство, а по завршување на основното училиште работел како земјоделец на својата земја. Бил голем симпатизер на народноослободителното движење, од самиот негов почеток . Во 1944 година побегнал од бугарската армија и им се приклучил на партизаните. Во редовите на Деветтата македонска бригада се истакнал како храбар борец и учествувал во многу борбени акции на својата единица. Бил особено горд кога на 7 септември 1944 година со својата бригада влегол во Ваташа, а потоа и во Кавадарци. Загинал во борбите со германскиот окупатор кај железничката станица Јаворица, во близината на Демир Капија на 16 септември 1944 година.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads