Персиски леопард

From Wikipedia, the free encyclopedia

Персиски леопард
Remove ads

Персискиот леопард (Panthera pardus saxicolor) познат и како Ирански леопард, е еден од подвидoвите на леопард, кој живее во западна Азија. Овој подвид е критично загрозен на целата негова распространетост низ Блискиот Исток.

Кратки факти Персиски леопард, Заштитен статус ...
Remove ads

Особености

Персискиот леопард се смета за најголем од сите подвидови на леопарди во светот. Расте во висина од 45 до 82 сантиметри (висина до рамениците) и тежи до 70 килограми. Пред 1990 година, кога Ерменија, Азербејџан, Грузија, Русија и Туркменистан беа советски републики, научните имиња на леопардите кои живееле на овие простори биле P.p. tulliana и P.p. ciscaucasica. P.p. saxicolor било употребувано за леопардите кои живееле на териториите на Иран и Авганистан. Во моментот се проценува дека има неколку стотини единки во светот.

Remove ads

Распространетост и живеалиште

Овој подвид го среќаваме во Иран, Азербејџан, Грузија, Туркменистан, Узбекистан, Пакистан, Таџикистан и северозападен Авганистан. Живеалиштето варира од планински степи до пасишта, но и било каде каде што има услови за криење и доволно плен. Постојат и непроверени пријави за големи мачки во југоисточна Турција кои е можно да се однесуваат на овој леопард; за повеќе информации видете Касписки тигар.

Во Ерменија

Во Ерменија, персискиот леопард живее во боровите шуми, а помалку и во суровите субпланински и планински ливади. Нивните живалишта се карпести предели каде има доста гребени. Овој грабливец ги користи истите патеки при секојдневните движење, па доколу ги знаеме овие патеки, лесно може да забележиме траги од овие големи мачки. Леопардот во Ерменија е загрозен најмногу поради ловот. Персискиот леопард живее и во резерватот Шикахог.

Во Ерменија, луѓето и леопардите коегзистираат од времето на холоценот, и до средината на 20 век овие мачки биле доста чести во планините. Во 1950-1970-тите, локалната популација на леопарди се зголемувала и почнала да се проширува на север, како што се гледа од зголемувањетоа на бројот на кожи од леопард кои пристигнуваат од северните делови на Ерменија.[1]

Во Азербејџан

Овој леопард живее во јужните региони на Азербејџан, најмногу на планините Талиш, Нагорно-Карабак и Накичеван. И покрај тоа што повремено бил забележуван, до 1990-тите не било сигурно дали овој подвид е изумрен во Азербејџан или не, сè до март 2007 година кога единка била сниена на камера во Националниот парк Хиркан.

Во Грузија

Во Грузија останати се само неколку леопарди во дивината. Денес, тие главно живеат во густите шуми, иако неколку од нив биле забележани и во рамнините во југоисточниот регион Какети во 2004 година[2]. За време на последните 60-тина години, неколкупати биле забележани леопарди во околината на Тбилиси и провинцијата Шида Картли која се наоѓа северозападно од главниот град.

Во Иран

Thumb
Персиски леопард во Зоолошката градина Јихлава, Чешка

Во Иран, овој подвид живее на планинските венци Алборз и Загрос. Овие планиние покриваат голем регион, почнувајќи од границите со Турција, Азербејџан и Ерменија, преку каспијскиот регион до Туркменистан и западните делови на Авганистан. Регионот Загрос ја проширува распространетоста на леопардот до јужниот дел на Иран, близу до Голфскиот Залив. Популациите во овој регион се мали и фрагментирани. Најголема закана за видот претставуваат човечките активности и населби.

Персискиот леопард од Иран најмногу лови кози Безоар (Capra aegagrus) и диви овци (Ovis orientalis). Повремено, негов плен се и дива свиња (Sus scrofa), обичен елен (Cervus elaphus maral) и домашни животни или кучиња.

Најголемата закана за леопардите во Иран претставува фрагментацијата на популациите, уништувањето на неговото природно живеалиште поради зголеменото ширење на човекот, труењето и ловот. Преживувањето на леопардот надвор од заштитените региони се смета дека е минимално. Ова животно е значаен вид и неговото присуство покажува дека екосистемот е стабилен. Персискиот леопард е суперграбливец во повеќето региони во Иран.

Remove ads

Исхрана

Исхраната на леопардот многу зависи од регионот во кој живее. Овој подвид се храни со најразлични животни, од мали цицачи и птици, до големи животни како елен, антилопа, дива коза и повремено дива свиња.

Опасности

Овој подвид е на списокот на загрозени видови и секоја меѓународна трговија со примероци е забранета. Персискиот леопард е загрозен поради загубата на природното живеалиште, прогонот и ловот. Ова животно страда и поради војните кои се одвиваат во планинските предели на неговата распространетост.

Наводи

Библиографија

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads