Песочанска Река
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Песочанска Река или Песочанка — река во Македонија, десна притока на реката Сатеска.[1] Извира од југоисточните падини на планината Стогово на височина од 2.040 м, а се влева на височина од 782 м. Вкупната должина на речниот тек изнесува 22 км, вкупниот пад изнесува 1.258 м, а просечниот пад 57,18‰. Вкупната должина на водоразделната линија изнесува 38 км, додека сливот зафаќа површина од 53,32 км2. На водите од оваа река е изградена ХЕЦ „Песочани“.[2]
Во дел од течението се нарекува и Радомир(ов)ска Река.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads