Степски удав
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Степски удав или песочница (науч. Eryx jaculus) — вид на змија од семејството удави (Boidae).[1][2] Ова е типски вид на родот вистински песочни удави (Eryx).
Remove ads
Географска распространетост
Живее во Источна и Југоисточна Европа, на Кавказ, на Блискиот Исток и во Африка. Ова е единствениот вид од семејството удави (Boidae) што живее во Македонија.[3]
Опис
Змијата расте во должина до 80 см. Боите во голема мера се разликуваат. Во задниот дел се сивкасти, свелокафеави, кафеави или црвеникави, со потемни дамки или црти во неправилен мрежест распоред. Обично има темна линија од очите до аголот на устата. Од долната страна е белузлава или жолтеникава. Телото ѝ е набиено и има кратка, тапа опашка. Стомачниот појас дел е многу тесен, помалку од 1⁄3 од ширината на телото.[4] Челниот дел е голем и широк со аглест хоризонтален раб. Очите се одвоени од уснените лушпи со два реда на ситни лушпи. Горните уснени крлушки се 10-14 на број. Задните лушпи се распоредени во 40-50 реда, мазни во предниот дел на змијата, но малку засртени во задниот. Има 165-200 стомачни и 15-34 подопашни лушпи.[5]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads