Петар Грков

From Wikipedia, the free encyclopedia

Петар Грков
Remove ads

Петар Грков - Пецето, познат и како Попето или Брадата (Роден во Сенокос или Србиново, Горноџумајско[1] 1948 Пиринска Македонија, Бугарија) — македонски активист. Жртва на комунистичкиот режим во Бугарија.[2]

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Петар како член на илегалната чета на Герасим Тодоров, се споменува во испрашувањето на Димитар Ѓуров[1] и Никола Новоселски.[3]

Со акцијата на бугарската милиција, била разбиена четата на Герасим, Петар Грков останал сам и успеал да стигне до куќата на еден од своите јатаци Христо Клингов, во маалото Ракитна, високо над селото Брежани, каде извесно време се криел од агентите на Антон Југов. Во тутунската визба во која се криел, тешко дека ќе издржел да дава отпор на подолго време, доколку би бил откриен. Дали од страв да не биде жив фатен или по автосугестија, тој решава сам да стави крај на таа драма. Со својот пиштол си го разнел мозокот, без да биде во опасност или нешто слично. Тој избрал да го заврши животот како храбар и еден од најдостојните. Пецето бил бескомпромисен борец за слободна и независна Македонија.[2][4]

По прегледот на настаните, Крум Монев, кој бил нивен соборец, смета дека Попето никогаш не би бил откриен од властите и дека немало потреба да си го одземе животот, бидејќи никој од селото Брежани не го предал, иако селаните биле изложени на мачење од бугарските власти.[5]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads