Петар Чолаков
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Петар Чолаков — македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација.
Животопис

Петар Чолаков е роден на 15 април 1879 година во градот Јамбол, тогаш во Источна Румелија. По професија е хотелиер, а од пролетта 1903 година е пограничен пунктовен началник на ВМОРО во реонот на Јамбол, Кзл Агач и Кавако. Учествува на конгресот на Петрова Нива, на кој е избран за подвојвода на Крсте Бугарија. Го командува нападот врз одринското село Хаџиталашман, по што влегува во четата на Иван Варналиев и се бори со турските аскер крај малкотрновското село Граматиково. Умира на 13 април 1935 година во Јамбол [1]
Remove ads
Извори
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads