Петар II (Русија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Петар II Алексеевич (23 октомври 1715 - 29 јануари 1730 ; руски: Пётр II Алексеевич) бил император на Русија во периодот од 1727 до 1730 година. Починал на петнаесетгодишна возраст и неговото управѕвање со земјата било проследено со големото соперништво меѓу влијателните луѓе во царскиот дворец.
Remove ads
Рани години

Петар Александрович бил единствениот син на Алексеј Петрович, кој пак од своја страна бил единствен син на императорот Петар Велики. Мајка му Шарлота фон Брауншвајг била сестра на омаженаата за Карло VI, цар на Светото Римско Царство. Три години по раѓањето на Петар Алексеевич татко му бил убиен по наредба на Петар Велики, по што тој бил држен во изолација од дворот. Тоа продолжило и во управувањето на втората сопруга и наследничка на Петар I, Катерина I.
Remove ads
Владеење
Со помош на царицата Катерина I, Петар Алексеевич бил венчан за Марија, ќерката на највлијателниот политичар во дворот и близок пријател на Петар Велики, Александар Меншиков. По смртта на Катерина во 1727, со помош на Меншиков, кој го прибирал во својот дворец, Петар Алексеевич бил прогласен за император. Само неколку месеци подоцна, во септември 1727, Петар II, со поддршка од својот учител Андреј Остерман, го отстранил Меншиков од власта.
Откако бил сменет, Меншиков бил испратен на заточение, а неговото место било зафатено од Василиј Долгоруков. Тој го одвел императорот во Москва и сакајќи да го венча за својата внука Катерина Долгорукова. Свадбата била закажана за 30 јануари 1730, но еден ден пред тоа императорот починал.
Со смртта на Петар II се прекинала директната машка линија на династијата Романови. Тој бил наследен од Ана Ивановна, ќерка на Иван V, полубрат на Петар Велики.
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads