Петица (анатомија)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Петица (анатомија)
Remove ads

Петица[1][2] или пета[3][4] — испакнато место на задниот крај на стапалото. Се заснова на проекцијата на една коска, калканеус или коска на петицата, зад артикулацијата на коските на долниот дел на ногата.

Кратки факти Петица, Податоци ...

Структура

Thumb
Сагитален пресек на стапалото
Thumb
Одозгора

За да се распределат силите на притисок што се вршат на петицата за време на одењето, а особено фазата на држење кога петицата ја допира земјата, табанот на стапалото е покриен со слој на поткожно сврзно ткиво до 2 см дебелина (под петицата). Ова ткиво има систем на комори за притисок кои делуваат како амортизери и го стабилизираат табанот. Секоја од овие комори содржи фибромасно ткиво покриено со слој на цврсто сврзно ткиво направено од колагенски влакна. Овие septumi („ѕидови“) се цврсто прицврстени и за плантарната апонеуроза горе и за кожата на табанот. Табанот на стапалото е едно од највисоко васкуларизираните подрачја на површината на телото, а густиот систем на крвни садови дополнително ги стабилизира септумите.[5]

Ахиловата тетива е мускулна тетива на triceps surae, „триглава“ група на мускули - soleus и двете глави на gastrocnemius. Главната задача на triceps surae е плантарна флексија, односно движење на стапалото надолу. Тоа е придружено со „четврта глава“, малиот мускул Plantaris, чија долга тенка тетива е исто така прицврстена на коската на петицата, но не е видлива.[6]

Remove ads

Функција

Силите на притисок кои се применуваат на стапалото се распоредени по пет зраци, три медијални (страна на палецот) и две странични (страна на малото прсте). Страничните зраци се протегаат над кубоидната коска до коската на петицата и медијалните зраци над трите клинести коски и навикуларната коска до глуждната коска. Бидејќи глуждната коста е поставена над коската на петицата, овие зраци се во непосредна близина на прстите, но се надвиснуваат во близина на петицата, и заедно ги составуваат сводовите на стапалото кои се оптимизирани за распределени сили на притисок на нерамна подлога. Во овој контекст, петицата ја образува задната точка на потпора која заедно со перничињата на ножните прсти го носат најголемиот дел од товарот.[7]

Remove ads

Испукани петици

Испуканите петици се чест здравствен проблем и може да предизвикаат инфекции. Тоа е предизвикано од сувост на кожата на стапалото,[8] и насобирање на мртва кожа. Со текот на времето може да предизвикаат болки и воспаление. За истото да се излечи и спречи се користат тазлични хидратантни креми и турпии за стапала .

Поврзано

  • Ахилова петица - метафора за слабост
  • Петица на Италија, SE (по нејзината позиција во „чизмата“)
  • Перниче на стапалотo
  • Клавус - тврда кожа која може да предизвика болни пукнатини на стапалото и петицата

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads