Пејоратив
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пејоратив[1][2] — збор или граматички облик што изразува негативна или непочитувана конотација, ниско мислење или недостаток на почит кон некого или нешто.[3] Исто така се користи за изразување критика, непријателство или игнорирање. Понекогаш, поимот се смета за пејоративен во некои општествени или етнички групи, но не и во други, или може да биде првично пејоративен, но подоцна прифаќа непејоративна смисла (или обратно) во некои или сите контексти.
Remove ads
Етимологија
Зборот пејоратив потекнува од минатиот партицип во доцниот латински peiorare, што значи „да се влоши“, од peior „полошо“.[4]
Семантичка промена
Понекогаш некој збор или поим првично може да се користи како пејоративен збор, а потоа да добие непејоративно значење и обратно. Во историската лингвистика, оваа појава е позната како пејорација и мелиорација, или семантичка промена.
Образување пејоративи во македонскиот јазик
Во македонскиот јазик, пејоративите најчесто се образуваат со наставките: – е, -ле, – ло, – ко.[5] На пример:
- воле,
- ушле,
- забле,
- вошло,
- смрдло,
- плачко,
- влечко.
Наводи
Дополнителна литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads