Планетариум

From Wikipedia, the free encyclopedia

Планетариум
Remove ads

Планетариум e театар изграден првенствено за образовни или забавни презентации од областа на астрономијата, за ноќното небо или за обуки по навигација според ѕвезди. Доминантната одлика на повеќето планетариуми е екран за проектирање во вид на купола на кои се прикажуваат сцени со ѕвезди, планети и други небесни тела. Небесните сцени може да се создадат со користење широка лепеза технологии, од прецизно изработени „ѕвездени топки“ кои комбинираат оптичка и електромагнетна технологија, прожектор за слајдови, видео и проектори за купола, како и ласери. Без разлика на тоа која технологија се користи, целта е да се поврзат со цел да се прикаже точно релативното движење на небото. Типичните системи може да бидат подесени да го покажуваат небото во било која точка во времето, во минатото или сегашноста, или пак да го прикажат распоредот на ѕвездите на небото како што се гледа од некоја друга точка на Земјата.

Thumb
Голема купола е најзабележливата одлика на зградите на планетариумите.
(Планетариумот Сер Томас Бризбејн, Австралија)
Thumb
Внатрешноста на салата за проекции на планетариум.
(Планетариумот во Белград, Србија)
Thumb
Истата сала во текот на проекција.
(Планетариумот во Белград, Србија)
Remove ads

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads