Кривул

From Wikipedia, the free encyclopedia

Кривул
Remove ads

Кривул (науч. Pinus mugo Turra - познат и како планински бор или кривуљ) — зимзелено растение, вид на бор. Тоа е високопланински бор со испрекинат ареал во планините на централна и јужна Европа[1]. Во Македонија е застапен на Шар Планина и Јакупица или Мокра[1]. Според изгледот кривулот е полегната грмушка или мало дрво со повеќе стебла од коренот[1]. Поради нискиот раст, познат е и под името џуџест бор. Има по две куси и крути иглички на конусорастот[1].

Thumb
Борот кривул
Кратки факти Бор кривул, Научна класификација ...

На падините под врвот Солунска Глава добро е претставена посевна вегетација која ја изградува борот кривул[2]. Оваа своевидна вегетација во вид на шикара е раширена на поголеми површини, најголеми во однос на другите во Македонија, при што зазема широк дијапазон помеѓу 1.500 и 2.500 м.н.в., во потесна смисла од 1.700 до 2.400 метри надморска височина, без оглед на геолошката подлога поради што се сретнуваат две варијанти од овој тип на вегетација - едната на силикатни и другата на карбонатни терени[2]. Борот кривул ја сочинува горната граница[2] на шумите на овој и другите планински масиви.

Remove ads

Галерија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads