Планински орел
вид птица From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Планинскиот орел (науч. Aquila fasciata) е голема граблива птица. Припаѓа на семејството јастреби. Ја има во северна Европа, Африка на север и на југ од Сахара и преку Индија до Индонезија. Планинскиот орел го има и во Македонија.
Remove ads
Опис



Планинскиот орел е мал до средноголем орел, долг од 55 до 65 см, со тежина од 3 до 6 килограми. Во горниот дел се темнокафеави, а во долниот дел се бели со темни линии. Крилјата им се релативно кратки и заоблени. Долгата опашка им е сива одозгора, а бела одоздола, со црни завршетоци. Нозете и очите им се жолти. Младите птици имаат меки пердуви, изразени линии на опашката без црните завршетоци.
Remove ads
Живеалиште
Планинскиот орел не е како другите орли, тој живее во шума, на планина бидејќи сака повеќе простор. Создаваат гнезда во Јужна Европа, Африка без Сахара и Азија до Индонезија. Се населува во поретко откриени области во шумите и ридските предели. Африканските популации претпочитаат савани, обработливо земјиште и грмушки, под услов да има големи дрвја.
Исхрана
Планинскиот орел се храни со широк спектар на жив плен. Обично лови прикриен во дрвото, со ненадеен залет. Неговиот плен се поголеми цицачи, како зајaци, или птици.
Размножување
Овој орел е обично многу тивок, освен кога се додворува или во близина на гнездото. Се огласува со клу-клу-клу-клее кој е помалку продорен кога е оддалечен од блиските. Моногамни птици се, и имаат неколку гнезда на својата територија, а едно од нив го поправаат и користат во тековната година. Одгледуваат едно легло годишно, а снесуваат 1-3 бели јајца со должина од 75 мм. Лежењето трае 37-40 дена, а малечките го напуштаат гнездото на околу 60-65-дневна возраст.

Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads