Плоштад Аристотел

плоштад во Солун From Wikipedia, the free encyclopedia

Плоштад Аристотелmap
Remove ads

Плоштад „Аристотел“ (грчки: Πλατεία Αριστοτέλους) — главниот плоштад во Солун, Егејска Македонија и се наоѓа на авенијата Ники, во центарот на градот. Дизајниран е од францускиот архитект Ернест Хебрард во 1918 година, но најголемиот дел од плоштадот е изграден во 1950-те години. Повеќето згради кои се наоѓаат околу плоштадот се реновирани, а северниот дел реставриран во 2000-те години.[1]

Кратки факти Плоштад Аристотел, Поранешни називи ...

Дванаесетте згради кои излегуваат на плоштадот, се запишани во списокот на згради уште од 1950 година.[2]

Remove ads

Историја на плоштадот

Историјата на плоштадот Аристотел започнува со големиот пожар од 1917 година, кој уништил две третини од градот Солун.[3]

Пред пожарот

Thumb
Солун од крајот на 19 век

Пред големиот пожар од 1917 година, на градот му недостатувало она што се сметало за 'суштинско' во европската архитектура.[3] За време на владеењето на Отоманското Царство, градот се развивал без план, и имал тесни улички.[4] Ернест Хебрард укажал на потребата од плоштади, и предложил да се изградат неколку големи плоштади во градот, вклучувајќи го и плоштадот Александар Велики (Megalou Alexandrou), кој денес е преименуван во плоштад Аристотел.[3][4]

Плановите на Ернест Хебрард

Thumb
Поглед од море кон плоштадот Александар Велики, дизајниран од Хебрард во 1918 година.
Thumb
Дополнителен предлог на Хебрард за Граѓански плоштад.

Ернест Хебрард предвидел монументална оска за Солун која се протега од она што е денес плоштад Аристотел од страна на морето до плоштадот Венизелос и Римскиот Форум.[3][5] Оската започнува на плоштадот Аристотел, кој било планирано да се нарече по Александар Велики. Во својот план за Солун, Хебрард го вовел елементот кој недостигал во архитектурата на градот до 1917 година: импозантни фасади.[3] Како главни, архитектот ги користел елементите од византиската и западната архитектура[5] повеќе отколку од отоманската архитектура, со што сакал да ја нагласи врската на градот со Византија.[3][4] Овој стил е најочигледен на плоштадот Аристотел, каде неколку фасади на зградите содржат некои од оригиналните идеи на Хебрард. Споменикот на Александар Македонски требало да се најде во центарот на плоштадот.[3]

Хебрард ја дизајнирал монументалната оска така што ако се гледа нагоре од плоштадот, може да се видат Солунските ѕидини и горниот дел од градот.[3][4][6] Исто така, од плоштадот требало да се гледа она што Хебрард го нарекол Place Civique или Граѓански плоштад, кој требало да биде административен центар на градот, налик на европските:[3][4] од лево Градското Собрание, судовите од десно, и големиот триумфален свод кој би се пружал од Граѓанскиот плоштад. Овој дел од неговиот дизајн никогаш не бил остварен поради недоволно средства,[3] иако наредните археолошки ископувања открија античка римска агора на местото каде бил планиран Граѓанскиот плоштад.

Првиот концепт на Хебрард од 1918 година за плоштадот Аристотел е многу упростен.[3][4] Наместо оригиналните дизајни, фасадите кои се изградени во 1950-те години се поскромни[5] поради финансиската ситуација на земјата во тоа време, како и одлуката на владата на Венизелос од 1918 година да се гради со пари од приватни извори, а не од владини.[3]

Плоштадот денес

Денес, плоштадот Аристотел е едно од најпознатите места во Грција и речиси синоним за градот Солун.[1] Плоштадот има важна улога во животот на градот, но и на државата. Бројни митинзи и говори се организирани на овој плоштад, како митингот за Македонија во 1992 година. Потоа, плоштадот се користи за одржување на културни настани, како фестивали и годишни божикни и карневалски прослави.[7][8] Секако, плоштадот е важна туристичка зона. Околу плоштадот се наоѓаат важни згради, како хотелот Електра Палас, најпознатото кино, и друго.

Thumb
Панорамски поглед на плоштадот Аристотел.

Галерија

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads