Плута

From Wikipedia, the free encyclopedia

Плута
Remove ads

Плута (phellem) е секундарно покровно ткиво на стебло, а поретко на корен. Настанува соделба на ќелии на фелогенот ( се нарекува уште и плутин камбијум). Новонастанатите ќелии на плута подлежат на забрзана суберинификација на ѕидовите на ќелиите, при што во дефинитивната состојба:

  • цврсто се меѓусебно споени,
  • мртви и
  • исполнети со воздух.
Thumb
Плута најчесто се употребува за изработка на тапи за шишиња за вино
Thumb
Плоча од плуа наменета за обложување на ѕидови и подови

Плута е непропустлива за вода и гасови па за проветрување на стебла постојат отвори во плута - лентицели. Кога плута се оформува во подлабоките слоеви на стеблото, тогаш сите ткива кои лежат кон периферијата на стеблото порано или подоцна умираат, бидејќи плута не дозволува довод на хранливи материи. Комплекс од мртвите ткива и плута ја правни мртва кора.

Плута е ценета како материјал, поради што растителни видови кои ја произведуваат во поголеми количини (на пр. храст плутњак) се одгледуваат и експлоатираат плантажно.

Remove ads

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads