Плутино

вид заднептунско тело From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Плутино — динамичка група на заднептунски тела кои кружат во резонанција 2:3 со планетата Нептун. Ова значи дека плутиното кружи двапати на секои три кружења на Нептун. Најголемо плутино е џуџестата планета Плутон, по која е наречена самата група. Го носат името на митолошки суштества од подземниот свет.

Овие тела го сочинуваат внатрешниот дел на Кајперовиот Појас и претставуваат една четвртина од телата во него. Ја сочинуваат најбројната класа на резонантни заднетунци. Освен самиот Плутон, првото откриено плутино е (385185) 1993 RO, забележано на 16 септември 1993 г.

Remove ads

Орбити

Thumb
Првите откриени плутина споредени по големина, албедо и боја.

Потекло

Се смета дека телата кои денес се во средни орбитални резонанции со Нептун првично имале свои разновидни хелиоцентрични патеки. Кога Нептун се преместувал нанадвор во раната историја на Сончевиот Систем, телата кои ги среќавал се расејувале; во текот на ова, некои биле зафатени во резонанции.[1] Резонанцијата 3:2 е резонанција од низок ред и затоа е најсилна и најстабилна од сите.[2] Ова е главната причина што има повеќе тела од другите Нептунови резонанции во Кајперовиот Појас. Облакот од нисконаклонети тела подалеку од 40 ае се кубевана, а они есо повисока занесеност (од 0,05 до 0,34) и голема полуоска блиску до резонанцијата 3:2 претежно се плутина.[3]

Орбитални особености

Thumb
Распределба на плутината и споредбените големини, претставени милион пати поголеми.

Иако највеќето плутина имаат релативно низок орбитален наклон, дел од нив следат орбити слични на Плутоновата, со наклон од 10–25° и занесеност околу 0,2–0,25; поради тоа, многу од нив имаат перихели блиски до или дури во Нептуновата орбита, а истовремено и афели кои ги приближуваат до надворешниот раб на главниот Кајперовиот Појас (каде се наоѓаат телата се во резонанција 1:2 со Нептун, наречени тутина).

Орбиталните периоди на плутината просечно траат 247,3 години (1,5 пати Нептуновиот), со отстапување од неколку години.

Необични плутина се:

  • 2005 TV189, кое следи најнаклонета орбита (34,5°)
  • (15875) 1996 TP66, кое има најелиптична орбита (занесеност од 0,33), со перихел на половина пат помеѓу Уран и Нептун
  • (470308) 2007 JH43, кое следи квазикружна орбита
  • 2002 VX130, кое речиси совршено лежи на еклиптиката (наклон помал од 1,5°)

Долгорочна стабилност

Влијанието на Плутон врз другите плутина во минатото се занемарувало поради неговата релативно мала маса. Меѓутоа, ширината на резонанцијата (опсегот на полуоски складни со неа) е мошне теска и само неколкупати поголема од Плутоновата Хилова сфера (гравитациското влијание). Следствено на тоа, зависно од првичната занесеност, некои плутина со време ќе излезат од резонанцијата поради заемодејства со Плутон.[4] Бројчените симулации упатуваат на тоа дека орбититите на плутината со занесеност за 10–30 % помала или поголема од Плутоновата не се стабилни во временски рамки од милијарди години.[5]

Remove ads

Орбитални дијаграми

Remove ads

Најсјајни тела

Плутината посјајни од HV=6 се:

Повеќе информации Тело, a (ае) ...
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads