Погодинов псалтир

From Wikipedia, the free encyclopedia

Погодинов псалтир
Remove ads

Погодинов псалтирсредномакедонски кирилски ракопис од 13 век. Името го добил според претходниот сопственик, Владимир Погодин, руски историчар и писател.

Thumb
Страна од Погодиновиот псалтир

Псалтирот е со коментар на Хесихиј Ерусалимски, се состои од 278 листа, се чува во Руската национална библиотека во Санкт Петербург, сигн. Пог.8. Калиграфски ракопис со богата орнаментика. Препишан од двајца писци од архаична предлошка, најверојатно во некој од југоисточните македонски центри, на што укажуваат јазичните особености. Правописот е двуеров, четиријусов, замената на носовките е недоследна, денализацијата е ретка. Припаѓа кон архаичната редакција на псалтирот карактеристична за Охридската книжевна школа.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads