Поградец

град во Охридско, Горичка област, Албанија From Wikipedia, the free encyclopedia

Поградец
Remove ads

Поградец или Подградец (албански: Pogradec) — град и седиште на истоимената општина, Област Горица, Југоисточна Албанија. Сместен е на југозападниот брег на Охридското Езеро, во историско-географската област Мокра. Се наоѓа југоисточно од Елбасан, југозападно од Охрид (Р Македонија) и западно од Лерин (Егејска Македонија) и северно од градот Горица (Корча). Градот е наречен по древната тврдина (денес наречена Поградечка тврдина), која се издигала на планинските падини над него (оттаму и „под-градец“).

Кратки факти Поградец Pogradec, Држава ...
Thumb
Црквата „Воскресение Христово“.
Thumb
Хотелот „Ројал“ на брегот на Охридското Езерото.
Remove ads

Демографски особености

Во градот и околните села и денес живее македонско население, од кои се издвојуваат три кои и денес јасно задржале етничкиот карактер и својата варијанта на охридскиот говор. Ова некогаш бил чисто македонски крај, што е очигледно од називите на населените места во општината (подолу). Иако денес има албанско мнозинство, половината жители се православни, а половината се муслимани. Ова укажува дека целокупното поградечко подрачје подлегнало на процес на албанизација на македонското население во не така далечното минато.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads