Подгорјани

село во Правишко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Подгорјаниmap
Remove ads

Подгорјани, Подгорени или Подохор (грчки: Ποδοχώρι, Подохори; до 1926 г. Ποδογόριανη, Подогорјани[2]) — село во Правишко, Егејска Македонија, денес во општината Кушница на Кавалскиот округ во Источна Македонија и Тракија, Грција. Во 2011 г. населението броело 608 жители.

Кратки факти Подгорјани Ποδοχώρι, Земја ...
Thumb
Раскрсница во селото.
Remove ads

Географија

Селото е сместено на јужните падини на планината Кушница, југозападно од Правишта. Има два стари камени моста — Лазидевиот[3] и Горгиевиот.[4]

Историја

Во Отоманското Царство

Селото некогаш било населено со Македонци, за што сведочи неговото македонско име.

На крајот од XIX век Подгорјани било турско-грчко село во Правишката каза. Подгорјанскиот амам датира од XVII век и прогласен е за споменик на културата во 1997 г.[5] Црквата „Св. Ѓорѓи“ е од 1847 г.[6] Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Подгорјани:

Будохор, христијанско село: 1 црква, 1 училиште. Жителите се Грци. Оддалечено е 1 час од градот.[7]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македония. Етнография и статистика“) во 1900 г. Подохоръ (Будохоръ) живееле 200 Турци и 450 Грци.[8]

Во Грција

Во 1913 г. по Втората балканска војна селото е припоено кон Грција. Таа година населението броело 1.035 жители, кое во 1920 г. се намалило на 530, веројатно како последица од Првата светска војна.[9] Во 1920-тите турското население е иселено и согласно Лозанскиот договор и во 1924 г. доведени се грчки доселеници од Мала Азија.[9] Во 1928 г. Подгорјани било мешано мештанско-дојденско село со 115 семејства сочинети од 390 жители.[10]

Remove ads

Население

Населението со време значително нараснало, но подоцна почнало забележително да опаѓа поради иселување во градовите. Подоцна во селот се сместени 60 семејства на Каракачани кои се занимаваат со сточарство.[9] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Месности

Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Цркви

  • Св. Ѓорѓи“ од 1847 г.
  • „Св. Илија“
  • „Св. Петка“
  • „Св. Фануриј“ — параклис

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads