Под Кукуноса (Стањевци)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Под Кукуноса— археолошко наоѓалиште во светиниколското село Стањевци. Претставува населба и некропола од римско време. На оддалеченост од околу 500 м јужно од селото, под ридот Голема Кукуноса, во нивата на Наце Иванов е најдена вотивна плоча од бел мермер со димензии од 25 × 25 × 5 см. Во горниот дел е заоблена лачно, а во централниот дел има релјефна претстава на жртвеник, со по една змија од страните, врз кој е поставен кантарос со сцена на жртвување. Се работи за претстава на синкретистичко божество од фригиско потекло. При обработувањето на нивите мештаните наоѓале темели од објекти и големи плочи од гробови. Теренот е во непосредната близина на населбата на наоѓалиштето Грамади. Вотивната плоча се чува во Народниот музеј во Свети Николе.[1]
Remove ads
Поврзано
- Грамади — населба од доцноантичкото време;
- Манево Трло — средновековна населба;
- Орљак - Селиште — средновековна населба и некропола;
- Под Кукуноса — населба со некропола од римското време;
- Римски Бунар — некропола од доцноантичкото време;
- Слатина — могила од римското време;
- Слатина — Цистерна од римското време;
- Стањевци;
- Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads