Полимелија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Полимелија
Remove ads

Полимелија (од грчки πολυ- "многу", μέλεα "екстремитети"), исто така познат како хидра синдром, е вродена мана која ги вклучува екстремитетите, каде поединецот има повеќе од вообичаениот број на екстремитети. Кај луѓето, и повеќето водоземни животни, ова значи да се има пет или повеќе екстремитети.

Кратки факти Полимелија, Специјалност ...

Понекогаш ембрион може да започне како сијамски близнаци; каде еден близнак дегенерира, и неговиот еден (или повеќе) екстремитет, ќе заврши придодаден на другиот близнак.

Понекогаш може да има мали нозе помеѓу нормалните (првични) нозе, што е карактеристично за дипигус состојбата.

Remove ads

Забележани случаи

Кај луѓето

  • Во летото 2005 година, женско бебе, по име Дестини, е роден со целосно формирана трета нога во Детроит.
  • Во март 2006 година, машко дете е родено во болница во Шангај, со целосно формирана трета рака. Ова е единствениот документиран случај на дете родено со целосно формирана повеќе-бројна(трета) рака.[1]
  • Во јули 2007 година, бил евидентиран случај на дете родено со четири нозе во болница во Јужна Африка.
  • На 6 ноември 2007 година, лекарите во болница во Бангалор, Индија успешно извеле операција на две-годишно девојче по име Lakshmi Tatma, која е родена со 4 раце и 4 нозе. Тоа бил случај на сијамски близнаци, каде главата на едниот близнак исчезнала за време на развојот.
  • Френк Лентини имал трета нога, четири стапала и два пара гениталии.

Кај животни

Thumb
Животно со пет нозе.
  • Четири ножна кокошка, е родена во фарма во Пенсилванија, во 2005 година.[2] Приказната предизвикала голема заинтересираност од страна на медиумите, и била прикажувана на ТВ програми и USAToday. Птицата била пронајдена како нормално живее со остатокот од кокошките, и по 18 месеци од нејзиното раѓање.
  • Жабите во САД понекогаш се со полимелија, кога се нападнати од Ribeiroia паразит.
  • Куче, со име Лили, било родено со целосно формирана петтата нога. Тоа првично требало да биде продадено на циркуз, но наместо тоа, било купено од страна на љубител на кучиња, кој се погрижил петтата нога да се отстрани.
Remove ads

Во митологијата

Многу митолошки суштества како змејови, крилести коњи и грифони, имаат шест екстремитети: четири нозе и две крила.

Во грчката Митологија, Хекатохрините се вели дека  имале сто раце. Постоела и раса на џинови со шест раце.

Коњот на Один во Нордиската митологија, имал осум нозе.

Неколку Хинду божества се прикажани со повеќе раце и повеќе нозе.

Наводи

Други извори

[Уреди] надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads