Поморавски Управен Округ

From Wikipedia, the free encyclopedia

Поморавски Управен Округmap
Remove ads

Поморавски Управен Округ — округ кој се наоѓа во централниот дел на Република Србија. Вклучува еден град и пет општини. Има вкупно 212.839 жители (Попис 2011 година). Седиште на округот е градот Јагодина.

Кратки факти Поморавски Управен Округ Поморавски управни округ Pomoravski upravni okrug, Држава ...
Thumb
Поморавски Управен Округ

Градот делумно ја зачувал архитектурата од 19 век. Остатоци од претходните периоди може да се видат во објекти како што е Хајдук-Вељковиот конак од 18 век. Посебна занимливост е Старата црква Архангел Михаил, задужбина на Милош Обреновиќ од 1818 година.

Манастирот Јошаница бил изграден кон крајот на 15 век. за време на владеењето на деспотот Ѓураѓ Бранковиќ и се смета за најубава градба од средниот век во областа.

Недалеку од Ќуприја се наоѓа манастирот со црквата Вознесение - Раваница, задужбина на кнезот Лазар, изграден помеѓу 1375 и 1377 година. По смртта на царот Лазар во Косовската битка, Раваница ги чувала неговите мошти до 1690 година за денес по три века селење со српскиот народ да бидат повторно вратени во оваа негова задужбина. Манастирот Ресава - Манасија се наоѓа во непосредна близина на Деспотовац. Ресава - задужбина на деспотот Стефан Лазаревиќ, била изградена помеѓу 1407 и 1418 година. Во текот на 15 век во манастирот работела познатата Ресавска школа, со повеќе работилници во кои се препишувале значајни текстови од светското наследство и се пишувале нови.

Во манастирот Ресава творел и Константин Филозоф, авторот на „Животот на деспотот Стефан“ и „О писменима“ (за буквите), со кои била извршена редакција средување на тогашниот правопис на српскиот јазик.

Remove ads

Административна поделба

Поморавскиот Округ опфаќа еден град и пет општини.

Повеќе информации Име, Грб ...

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads