Портокал

From Wikipedia, the free encyclopedia

Портокал
Remove ads

Портокал (науч. Citrus × aurantium f. aurantium, syn. Citrus × sinensis) — било кое од неколкуте видови мали дрвја или грмушки од родот агруми и неговите плодови. Се одгледува во тропските и суптропските области. Тркалезниот плод има рапава, масна кора и сочно внатрешно месо богато со витаминот Ц. Главните комерцијални видови портокал се: кинескиот портокал, мандарините и морскиот портокал без семки. Дрвото на портокалот има широки, сјајни зимезелени листови со средна големина. Раѓа плодови во период од 50 до 80 години. Портокалите не добиваат дополнителен квалитетот откога ќе паднат од дрвото, па затоа се берат само кога се целосно зрели. Портокалот најчесто се употребува за поизводство на сок, а споредни производи се есенцијалните масла, пектинот, слатката кора, мармаладот од портокал итн, а остатоците што се добиваат при преработката на портокалот се користат како храна за стоката.

Кратки факти Портокал, Научна класификација ...
Remove ads

Портокалот како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Портокали“ — расказ на францускиот писател Алфонс Доде од 1869 година.[2]
  • „Песната на сувиот портокал“ (шпански: Cancion del naranjo seco) — песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.[3]
  • „Блуз од портокалов сок“ (англиски: Orange Juice Blues) — песна на американската рок-група Бенд (The Band) од 1975 година.[4]
  • „Портокал“ (англиски: Orange) — песна од истоимениот албум на американската рок-група The Jon Spencer Blues Explosion! од 1994 година.[5]
Remove ads

Наводи

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads