Порто Ново

From Wikipedia, the free encyclopedia

Порто Ново
Remove ads

Порто Ново (исто така познат и како Хогбоноу и Аџаце) е главниот град на Бенин. Овој град има околу 223,552 жители и претставува пристаниште кое се наоѓа на островче на Гвинејскиот Залив, во југоисточниот дел на земјата. Порто Ново е вториот најголем град во Бенин, по Котону (град кој е поважен од Порто Ново, како на политички, така и на културен план). Во регионот околу градот се произведуваат палмово масло, памук и капок. Нафтата беше откриена во 1990-тите и постана важен извозен производ.

Thumb
Поглед кон катедралата

Thumb

Порто Ново, Бенин Бенин

Повеќе информации Површина, Население ...
Remove ads

Знаменитости

  • Музеј за етнографија во Порто Ново, содржи голема колекција на Јоруба маски, како и предмети поврзани со историјата на градот и Бенин.
  • Замокот на кралот Тофа, сега музеј, покажува каков бил животот на африканското кралско семејство.
  • Jardin Place Jean Bayol е голем плоштад кој има статуа на првиот крал на Порто Ново.
  • Музеј Да Силва, музеј за историјата на Бенин. Покажува каков бил животот на Афро-Бразилците кога се вратиле во градот.
  • Палатата на гувернерот е дом на националната законодавна власт.
Remove ads

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads