Послание до Филимон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Послание на апостол Павле до Филимон — книга од Новиот завет. Тадиционално се смета дека била напишана од страна на Апостол Павле, како писмо (послание) упатено до христијанскиот деец Апостол Филимон, предводник на црквата во Колоси, и претставувал еден од најзначајните текстови во раното христијанство. Посланието било напишено во времето кога апостол Павле бил во затвор во Рим. Според почетните стихови, Павле посланието го упатува кон неговиот соработник Филимон, сестрата Апфија и до соработникот Архип.
Remove ads
Содржина
На почетокот од посланието, апостолот Павле, во свое име и во името на неговиот соработник Тимотеј, упатува пофалби до Филимон, Апфија и Архип за нивната цврста вера. Потоа, апостолот (кој во тоа време е затворен) го замолува Филимон да го прими Онисим. На крајот од посланието, апостолот испраќа поздрави од неколку негови блиски соработници.[1]
Цитати
„ | Затоа, иако имам во Христос голема слобода да ти заповедам што треба да правиш, сепак, од љубов кон тебе, те молам јас, каков што сум, старецот Павле, а сега и затвореник за Исус Христос, и те молам за моето чедо, Онисим, што го родив во оковите свои: и тој некогаш беше непотребен за тебе, а сега ни е многу попотребен и тебе, и мене. Ти го праќам назад него – прими го како да е моето срце. | “ |
— Флмн 1,8-12[2] |
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads