Постојна

општина во Словенија From Wikipedia, the free encyclopedia

Постојна
Remove ads

Постојна (словенечки: Postojna; германски: Adelsberg; италијански: Postumia) — град во Општина Постојна, 35 километри од Трст, во југозападна Словенија. Градот е центар на општината Постојна. Областа е дел од историскиот регион Нотрањска. Населбата сега е вклучена во Приморско-нотрањскиот статистички регион.[1]

Кратки факти Постојна Postojna, Држава ...
Remove ads

Историја

Познато е дека областа била населена уште од палеолитската ера поради откривањето на пештерска населба во близина на градот Постојна наречена карпесто засолниште Бетал (словенечки: Betalov spodmol). Градот лежи на реката Пивка. Во пишаните извори населбата првпат се споменува во 13 век, а во 1432 година станала околија. За град е прогласен во 1909 година.

Од доцниот среден век, тој бил дел од Војводството Крањска, а со тоа и дел од Хабсбуршката Монархија. Помеѓу 1918 и 1943 година беше под италијанска власт, (номинално до 1947 година) и беше дел од провинцијата Трст, под италијанското име Постумија.[2]

Remove ads

Цркви

Парохиската црква во градот е посветена на Свети Стефан и припаѓа на Коперската епархија. Во градското подрачје на Постојна, на оваа парохија припаѓаат и црквата посветена на пророкот Даниел во селото Залог и параклисот посветен на Свети Лазар на градските гробишта.[3]

Знаменитости

Една од главните туристички атракции на Словенија, Постојнска Јама, се наоѓа во близина на градот.

Клима

Повеќе информации Климатски податоци за Postojna, Месец ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads