Поштарот (филм)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
„Поштарот“ — американски филм, во режија на Кевин Костнер. Главните улоги ги играат: Кевин Костнер, Вил Патон и Ларенз Тејт.
Remove ads
Содржина
Дејството на филмот се одвива во постапокалиптичната Америка, каде се појавува човек во униформа на поштар, кој на луѓето им ги разнесува пратките од времето пред катастрофата.[2]
Филмски критики
Поштарот добил многу негативни реценции од критичарите.
Стефан Холден од The New York Times го критикувал филмот поради "лажната сентименталност" и "претераниот џингоизам".[3] Роџер Иберт го опишал Поштарот како "филм со добро срце" но "прост... и претенциозен".[4]
Според агрегаторот Rotten Tomatoes, 3 од 32 филмски критичари филмот го оцениле со позитивен извештај, со "Rotten" резултат од 9% и просечен рејтинг од 3.8/10. Metacritic го оценил филмот со 29/100 засновано на 14 рецензии.
Remove ads
Заработка
Филмот доживеал тотален неуспех во киносалите. Во првите четири дена од прикажувањето филмот заработил само 5.3 милиони долари од вкупно 2,207 проекции.[5] Буџетот на филмот изнесувал 80 милиони долари, но вкупната заработка изнесувала помалку од 18 милиони долари.[6]
Филмот бил издаден во VHS и DVD на 9 јуни 1998, и на Blu-ray диск на 8 септември 2009.
Награди и номинации
Надворешни врски
- Поштарот на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Поштарот на Box Office Mojo
- Поштарот на Rotten Tomatoes.
- Поштарот на Metacritic
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads