Поштенски преградок
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Поштенски преградок или поштенски фах[1][1] — преградок што се наоѓа во поштенска единица, преку кој корисниците примаат и отпремаат поштенски пратки.[2] Поштенскиот преградок има своја поштенска адреса.




Во некои области, особено во Африка, нема испорака на пошта од врата до врата, па изнајмувањето поштенски преградок традиционално е единствениот начин за примање пошта во такви земји.
Општо земено, поштенските преградоци се изнајмуваат од поединци или од деловни субјекти на основа која се движи од месечно до годишно, а цената за изнајмувањето се менува во зависност од големината на преградокот. Поштенските преградоци во деловните области обично се поскапи од поштенските преградоци во селските средини.
Remove ads
Монтирање на преградоците
Поштенските преградоци обично се монтираат во ѕид од поштенската градба, надворешен ѕид или ѕид во фоаје, така што вработените од внатрешната страна може да оставаат пратки во преградокот, додека изнајмувачот во фоајето или од надворешната страна на зградата може да го отвори својот преградок за да ја земе пратката.
Работно време
Доколку преградоците се монтирани на надворешен ѕид, тие се достапни за подигање на пратките во текот на целиот ден. Доколку се наоѓаат во внатрешноста на поштенското претпријатие, тие се достапни во работното време на претпријатието.
Remove ads
Пакети
Ако пратката не ја собира во поштенскиот преградок, вработениот остава извесница со која го известува корисникот да ја земе пратката од шалтер. Извесници се оставаат и за препорачана пошта за која примачот треба да се потпише.
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads