Праисторија на Иберија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Праисторијата на денешна Шпанија започнува со отривањето на најраниот запис за постоење на човелик мајмун во Европа во пештера која се наоѓа на планината Атапуерка. Фосилите кои биле пронајдени таму датираат отприлика пред околу 1,2 милиони години. Современиот кромањонски човек на овие простори започнале да се населуваат пред околу 35.000 години. Во пештерата Алтамира постоела една од првите населби на овие простори пред околу 15 000 години. Според археолошките проучувања, на овие простори постоела развиена култура во источниот дел на Пиринејскиот Полуостров во времето на доцниот Неолит и Бронзената ера.
Фенекијците, Старите Грци и Картагените го населиле овој простор, колонизирајќи во околу 1100 п.н.е.. Фенекијските трговци го основале денешниот град Кадис. Во текот на 9 век п.н.е. Старите Грци го колонизирале и основале градот Емпуриес по должината на Средоземно Море, преоставајќи го јужниот дел на Фенекија. Од Стара Грција најверојатно произлегло и името Иберија, според реката Ибар. Во 6 век п.н.е. на полуостровот пристигнале Картагинците кои воделе војни со најпрвин со Грција а подоцна и со Римското Царство. Најважен град којшто го основиле бил денешниот Картагина.
Праисторискиот период на тогашна Иберија завршил со започнувањето на Пунските војни, период кога територијата влегла во доменот на т.н. пишана историја.
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads