Праја

From Wikipedia, the free encyclopedia

Прајаmap
Remove ads

Праја (португалски: Praia, „плажа“) е главниот и најголемиот град во Зелениот ’Рт.[1] Градот се наоѓа на јужниот брег на островот Сантјаго. Праја е административен центар на истоимената општина. Праја е економски, политички и културен центар на Зелениот ’Рт.

Кратки факти Праја, Остров ...
Remove ads

Географија

Праја се наоѓа на висорамнинско место, поточно вулкански висорманскински платоа. Сите овие висорамнини имаат свои имиња, а централната висорманина во Праја се нарекува „Плато“. Урбаниот дел на градот претежно се наоѓа на овие платоа и околните долинчиња.

Долг период само централното „Плато“ се сметало како Праја. Другите висорамнински населени места биле сметани за околни населби или предградија. Поради тоа, денес централниот дел се издвојува во поглед на урбанизацијата. По независноста централното Плато административно се споил со околните населби и се добил денешниот облик на Праја. Урбанизацијата веднаш започнала во населбите и продолжила северно во градот.

Remove ads

Клима

Праја има пустинска клима со кратки дождливи сезони и долги сушни периоди.Освен од август до октомври речиси и да нема дождови. Годишно просечно има 210 милимегтри врнежи.

Повеќе информации Климатски податоци за Праја, Месец ...
Remove ads

Демографија

Според националната статистичка агенција, градот имал население од 159.050 жители во јули 2017 година. За споредба, во средината на 19 век Праја имала население од 1500 до 2000 жители.

Повеќе информации Население на Праја (1990–2017) ...

Стопанство

Thumb
Воздушна снимка на Праја.

Праја е комерцијален центар и пристаниште на кое се тргува со кафе, шеќерна трска и тропски овошја. Во овој град е развиена и рибната индустрија. Во близина има неколку плажи.

Меѓународни односи

Праја е збратимен со:

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads