Први народи

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Први народи или Први нации (англиски: First Nations, француски: Premières nations) е политички термин кој се однесува на сите канадски домородни племиња (народи) кои не припаѓаат на групата Ескими и Метиси.[1] Со овој термин се опфаќаат над 600 различни племенски заедници [2] од цела Канада со свој културен и јазичен идентитет. Повеќето од нив живеат во канадските провинции Онтарио и Британска Колумбија.[3] Според статистиката на Канада, околу 700.000 луѓе се идентификуваат како членови на еден од домородните народи од оваа група.[4]

Thumb
Домороден американски тотем во Викторија

Членовите на Првите нации се организираа политички за прв пат во 1980 година како одговор на аспирациите на канадската влада за промена на Уставот. Тогаш бил формиран Парламентот на првите народи чија цел била да се грижи за правата на припадниците на првите народи и да ги спроведува нивните уставно загарантирани права. Членовите на парламентот на Првите нации ги отфрлија термините племе и резервати [1] и ги вратија традиционалните домородни имиња на нивните заедници. Тие постапки симболично ги претставуваа нивниот суверенитет и автономија, што се одрази токму во нивните аспирации самостојно да ја определат сопствената национална идентификација.

Во Канада во согласност со тамошниот Устав, терминот „Индијанци“ се однесува на сите домородни народи кои не се по потекло Инуити и Метиси,[1] а Индијците се поделени во три групи: Статусни Индијанци, Безстатусни Индијанци и Индијанци по договорот.[1] Собранието на првите нации како политичка организација ги претставува Статусните Индијанци.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads