Првородство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Првородство — принцип на наследување на имотот и титулите од таткото на најстариот син, роден во законски брак. При овој принцип, помладите синови, ќерките и другите роднини се исклучени од директното наследување.[1][2]

апсолутно првородство
когнатичко, се планира премин кон апсолутно
агнатичко-когнатичко
агнатичко првородство
изборна монархија
При отсуство на законски синови, наследството можело да премине на ќерките или на браќата на покојниот (по редослед на старешинство), во зависност од варијантата на законите или обичаите. Принципот на првородство имал особено важно место во прашањата за престолонаследувањето во оние монархии каде тоа се применувало.
Remove ads
Варијанти на престолонаследување
Се разликуваат следниве видови првородство:
- Агнатичко првородство или патрилинеарно првородство, најпознато како салиски закон. Жените целосно се исклучуваат од линијата на престолонаследување.
- Агнатичко-когнатичко првородство, познато и како австриски закон. Жените не се исклучуваат од линијата на престолонаследување, но мажите имаат предимство.
- Когнатичко првородство, познато и како кастилски закон. Жените не се исклучуваат од линијата на престолонаследување, меѓутоа, под други еднакви услови, мажите имаат предимство.
- Апсолутно првородство. Жените и мажите имаат еднакви права на наследување.
- Матрилинеарно првородство или утробно првородство. Мажите целосно се исклучуваат од линијата на престолонаследување. Овој закон е непознат во Европа.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
