Првут
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Првутот е кожна состојба која главно го зафаќа скалпот.[1] Симптомите вклучуваат лупење и понекогаш благо чешање.[1][2] Тоа може да резултира со социјални проблеми и проблеми со самодовербата.[3] Потешка форма на првут, која вклучува воспаление на кожата е позната како себореичен дерматит.[1]
Причинната за појава на првутот е нејасна, но се смета дека вклучува голем број генетски и фактори од средината;[1] состојбата може да се влоши во зима.[4] Појавата не се должи на лоша хигиена,[5][6] а основниот механизам вклучува прекумерен раст на кожни клетки.[4] Дијагнозата се поставува врз основа на симптомите.[7]
Не постои познат лек за првут.[8] Противгабичен крем, како кетоконазол, или кератолитички агенс, како салицилна киселина може да се користат за да се подобри состојбата.[1][2] Првутот погодува околу половина од возрасните, при што мажите се почесто зафатени од жените.[1] Се јавува кај луѓето од сите делови на светот.[1] Првично се јавува во пубертетот, а поретко над 50 години.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads