Премиер на Народна Република Кина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Премиер на Државниот совет или само Премиер (кинески: 国务院总理, пинјин: guówùyuàn zŏnglĭ, мак. „Гуовујуен цунгли“) — државник кој стои на чело на Државниот совет („Централната народна влада“ по 1954), и е шеф на владата на Народна Република Кина. Сè до 1954 функцијата првично се нарекувала Премиер на Владиниот управен совет (трад. 政務院總理). Премиерот добива формално одобрение од Националното народно собрание по номинација од претседателот. Во практика и премиерот и претседателот се избираат со однапред решени божемни избори кои се одржуваат еднаш на пет години. Премиерот членува во моќниот Постојан комитет на Политбирото на Комунистичката партија на Кина за да го означи важниот статус на ова тело.
Remove ads
Надлежност
Премиерот е одговорен за организирање на и раководење со управните бирократски органи во земјата. Тука спаѓа надгледување на разните министерства, служби, комисии статутарни агенции. Премиерот нема власт врз армијата, туку стои на чело на Националниот комитет за одбранбена мобилизација. Во последниве години се забележува поделба на одговорностите помеѓу премиерот и претседателот (кој всушност е Генерален секретар на партијата) каде премиерот е одговорен за поединостите во имплементацијата на владината политика, додека претседателот (генералниот секретар) има задача да собира политичка поддршка која е потребна за донесување на одлуки.
Премиерот е помаган од четири вицепремиери, започнувајќи со реформата на Денг Сјаопинг во 1983 г.
Remove ads
Поврзано
- Список на премиери на Кина
- Вицепремиер на Народна Република Кина
- Претседател на Народна Република Кина
- Врховен водач
- Политичко рангирање во Народна Република Кина
Наводи
- Кина — Семрежна енциклопедија (англиски)
Надворешни врски
- Службена страница на Владата на НР Кина (англиски)
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads