Премин (астрономија)

поим во астрономијата From Wikipedia, the free encyclopedia

Премин (астрономија)
Remove ads

Премин или транзит — појава во астрономијата каде едно небесно тело преминува преку друго и малку го прикрива од гледиштето на набљудувачот.

Премин на Месечината преку Сонцето од леталото СТЕРЕО. Месечината делува многу помала отколку што би изгледала ако се гледа од Земјата бидејќи леталото е неколкупати подалеку од Месечината.

Дефиниција

Thumb
Ија како преминува преку Јупитер гледана од Земјата во февруари 2009 г. (симулација).

Поимот „премин“ се однесува на случаите каде поблиското тело делува значително помало од подалечното. Случаите каде поблиското тело изгледа поголемо и целосно го прикрива подалечното се нарекуваат прикривања (окултации).

Еден пример за премин е движењето на една планета помеѓу земскиот набљудувач и Сонцето. Ова се случува само кај повнатрешните планети, т.е. Меркур и Венера (поблиску до него). Гледајќи од подалечните планети како Марс може да се забележи истиот случај со самата Земја.

Thumb
Диона како преминува преку Титан, гледана од Леталото „Касини“; во заднината, малата месечина Прометеј е прикриена од Сатурновите прстени.

Поимот може да се однесува и на движењето на една месечина преку нејзината планета, како да речеме една од галилеевските месечини (Ија, Европа, Ганимед, Калиста) преку Јупитер, гледано од Земјата.

За да има премин, потребно е да се порамнат три тела во една права линија. Во поретки случаи се порамнуваат четири тела. Последниот таков случај бил во 27 јуни 1586 г.

Во поново време, преминот преку ѕвезди игра важна улога во откривањето на нови планети. Првата планета откриена со премин преку нејзината ѕвезда е HD 209458b.

Remove ads

Заемен планетарен премин

Во ретки случаи, една планета преминува преку друга. Ако поблиската се јавува како помала од подалечната, појавата се нарекува заемен планетарен премин.

Допири

Thumb
Меркур како преминува преку Сонцето, гледан од возилото „Љубопитност“ на Марс (3 јуни 2014 г.).[1]

Во текот на преминот има четири „допири“, кога работ на малата кружница (дискот на малото тело) ќе се допре со работ на големата кружница (дискот на големото тело) во една точка. Историски, утврдувањето на точното време на допирните точки бил најточен начин да се утврдат положбите на небесните тела. Допирите се случуваат во следниов редослед:

  • Прв допир — помалото тело е целосно вон поголемото, движејќи се навнатре („надворешно пристигање“)
  • Втор допир — помалото тело е целосно во рамките на поголемото, движејќи се уште повнатре („внатрешно пристигање“)
  • Трет допир — помалото тело е целосно во рамките на поголемото, движејќи се нанадвор („внатрешно заминување“)
  • Четврти допир — помалото тело е целосно вон поголемото, движејќи се нанадвор („надворешно заминување“)[2]

Петта допирна точка е онаа на најголем премин, кога привидните средишта на двете тела се најблиску, во средината на преминот.[2]

Забележителни набљудувања

На 21 декември 2012 г. леталото „Касини–Хајгенс“ кружејќи околу Сатурн го забележало преминувањето на Венера преку Сонцето.[3]

На 3 јуни 2014 г. марсоодот „Љубопитност“ го забележало преминот на Меркур преку Сонцето, што претставува прво набљудување на премин направено од вонземско небесно тело.[1]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads