Пренасочување на повик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пренасочување на повик – дополнителна телекомуникациска услуга која овозможува пренасочување на дојдовен повик на друго одредиште, кое може да биде мобилен телефон, говорно сандаче или друг телефонски број каде повиканиот корисник е достапен.
Опис
Постојат неколку вида пренасочувања на повик врз основа на тоа кога да се врши пренасочување.
Безусловно пренасочување на повик
Доколку корисникот сака да биде достапен во секој момент, оваа услуга му овозможува сите повици што ќе пристигнат на неговиот телефон автоматски да се пренасочуваат на друг телефонски број што самиот го определил.
Пренасочување кога бројот е зафатен
Оваа услуга му овозможува на корисникот во случај кога неговата телефонска линија е зафатена, повиците што пристигаат да се пренасочуваат на друг телефонски број што самиот го определил.
Пренасочување при неодговарање на повикот
Оваа услуга му овозможува на корисникот во случај кога не одговара на повикот после одреден број на ѕвонења, повикот да се пренасочи на друг телефонски број што самиот го определил.
Пренасочување кога корисникот не е достапен
Оваа услуга му овозможува на корисникот кога е надвор од мрежно покривање, повикот да го пренасочи на друг телефонски број што самиот го определил. Истата е применлива само за мобилните телефони.
Remove ads
Начин на користење
Услугата по потреба може да се активира или да ја деактивира со внесување на соодветен код.
Безусловно пренасочување на повик
- Активирање: * 21 * телефонски број #
- Деактивирање: # 21 #
Пренасочување кога бројот е зафатен
- Активирање: * 67 * телефонски број #
- Деактивирање: # 67 #
Пренасочување при неодговарање на повикот
- Активирање: * 61 * телефонски број #
- Деактивирање: # 61 #
При внесување на соодветниот код на телефонскиот апарат, корисникот ќе слушнет говорна порака или тон на потврда дека услугата е активирана или деактивирана.
Remove ads
Историја
Во Македонија услугата е воведена во средината на деведесеттите години на 20 век со пуштањето во сообраќај на дигиталните централи EWSD и Alcatel E10[1].
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads