Препонска коска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Препонската коска (латински: os pubis) — парна коска и заедно со бедрената и седалната коска учествува во градбата на карличната коска.
Делови
Препонската коска се состои од:
- тело (латински: corpus ossis pubis) што го гради предниот дел од ацетабулумот;
- две гранки: горна и долна, учествуваат однапред во ограничувањето на запречниот отвор;
- валчеста зглобна површина (латински: facies symphysialis) се зглобува со истата од спротивната коска и гради неподвижен зглоб (латински: simphysis publica).
Зглобови
Зглобовите овозможуваат поврзување на двете препонски коски и поврзување на ацетабулумот со главата од бутната коска:
- срамна симфиза (латински: symphysis pubica) претставува неподвижен ’рскавичен спој што ги соединува предните краишта на двете препонски коски;
- зглоб на колкот (латински: articulatio coxae) го поврзува ацетабулумот од карличната коска со главата од бутната коска. Спаѓа во топчести зглобови и во него се вршат сите движења на ногата.
Remove ads
Галерија
- Лева карлична половина, приказ на срамната симфиза (препонската коска вовлечена во левиот дел).
- Осификација на карлична коска (препонската коска е означена под број 3).
- Карлица (срамната симфиза прикажана во долниот централен дел).
- Внатрешна страна на карлична коска (препонската коска означена кон централниот дел).
Надворешни врски
| Оваа статија од областа на анатомијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
