Пречкеста спирална галаксија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Пречкеста спирална галаксија
Remove ads

Пречкеста спирална галаксијаспирална галаксија со средишна структура во облик на пречка составена од ѕвезди. Пречките се среќаваат кај околу две третини од спиралните галаксии[1] и влијаат на движењето на ѕвездите и меѓуѕвездениот гас во галаксијата, а може да ги засегаат и спиралните краци.[1]

Thumb
Класификација на галаксиите според Хабл
Thumb
Галаксијата NGC 1300
Thumb
Галаксијата Вајар

Истакнатиот американски астроном Едвин Хабл ги класификувал спиралните галаксии од овој вид како SB (spiral, barred = спирални, пречести) во неговата Хаблова низа и ги сместил во три поткатегории зависно од отвореноста на спиралните краци. Оние означени со SBa имаат густо врзани краци, SBb се средни, а SBc имаат најлабави краци. Подоцна е воведена четвртата поткатегорија SBm за означување на пречкестите спирални галаксии со извесен степен на неправилност, како што се оние во Магелановите Облаци. Некои други видови галаксии според Хабловата класификација се: спиралната, елиптичната и неправилната галаксија.

Набљудувањата со радиотелескопи веќе подолг период укажуваат на тоа дека Млечниот Пат е пречкеста галаксија, а инфрацрвените набљудувања со вселенскиот телескоп „Спицер“ во 2005 г. ги поддржале овие претходно насодбрани доказни податоци.

Remove ads

Пречки

Пречкестите спирални галаксии се најзастапени, со дури две третини од сите спирални галаксии.[2] Тековната хипотеза вели дека пречката делува како своевидно ѕвездено мрестилиште, напојувајќи го настанокот на ѕвездите во нивните средишта. Се смета дека пречката е механизам кој го спроведува гасот од спиралните краци навнатре по пат на орбитална резонанција, и со тоа создавајќи нови ѕвезди.[3] Овој процес воедно го објаснува фактот што многу пречкести спирални галаксии имаат активни галактички јадра, како оние што се забележуваат во галаксијата Јужна Вртимушка.

Се смета дека пречката настанува со делувањето на густински бран кој зрачи од средиштето на галаксијата и ги преобликува орбитите на внатрешните ѕвезди. Овој ефект потоа преоѓа и на понадворешните ѕвезди, создавајќи самоодржлива пречкеста структура.[4]

Научниците сметаат дека пречката е привремена појава во развојот на галаксијата, и дека пречката постепено се губви, преобразувајќи ја галаксијата од пречкеста спирална во обична спирална галаксија. Кога ќе надмине извесна насобрана маса, пречката веќе не може да ја додржи и почнува да се распаѓа. Галаксиите со голема маса во средиштето имаат кратки и дебели пречки.[5] Се смета дека развојниот циклус на една спирална галаксија од непречкеста во пречкеста трае околу милијарда години.[6]

Неодамнешните истражувања потврдуваат дека присуството на пречка во галаксијата укажува на нејзината зрелост, односно крај на нејзиниот развој или образување. Научниот центар „Спицер“ при Калифорнискиот технолошки институт утврдил дека само 20% од спиралните галаксии во далечното минато имале пречки, во споредба со речиси 70% кај денешните.[7]

Remove ads

Варијанти


Повеќе информации Пример, Вид ...
Remove ads

Примери

Повеќе информации Име, Слика ...

Поврзано

Thumb
Галаксијата NGC 2146 со свиен правлив спирален крак

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads