Прељупски манастир
манастир на МПЦ-ОА From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Прељупски манастир — понов манастир во долнопреспанското село Прељубје.[1] Комплексот е сместен во самото истоимено село, на падините на Галичица.
Remove ads
Местоположба
Манастирот се наоѓа во самото село, на местоположба од каде се гледа целата Преспанска Котлина.[2]
Црква
Црквата била обновена во 1999 година, како што е наведено на плочата поставена на црквата. Истата била обновена од страна на ктиторот Пеце Ѓурковски, кој потекнува од селото, но живее и работи во Франкфурт, Германија.[3]
Даб
Селото, но и самиот манастир, има свој симбол, а тоа е седумвековниот даб. Жителите со поставената потпора на стеблото на дабот го спасиле.[3]
Галерија
- Манастирската чешма
- Започнатите конаци
- Црквата „Св. Илија“
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads